Во оваа насока е и ставот дека во договорите за вработување не може да се утврдуваат одредби со кои се забранува или спречува склучување на договори за вработување меѓу работодавач корисник и отстапениот агенциски работник по неговото отстапување, а доколку договорите содржат вакви одредби истите се неважечки и ништовни. (чл. 3-д од Законот за измена и дополнување на ЗАПВ).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)