Промените што ги наброја немаа врска со зголемените материјални придобивки, со еднаквоста пред законот, со унапредувањето на човековите права, со придобивките од правичната распределба, со поразот на хомофобијата, со растурањето на хетеросексуалниот монопол над сопружништвото и над личниот живот и со отстранувањето на правните пречки за основањето и одржувањето интимни врски.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сосема е разбирлива неговата претерано надоместувачка реторика.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, Квин, го опиша влијанието што озаконувањето на геј-бракот ќе го има врз неа и врз партнерката со следниве зборови: „Утре, семејството ќе ми се собере на дипломската забава нa внука ми, а тоа ќе биде сосема поинаков ден затоа што ќе можеме да си разговараме кога ќе ни биде и како ќе ни изгледа свадбата и каков фустан ќе носи Џордан, правнука ни, кога ќе ни биде цветарица.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Квин изјави, според АП, дека „одлуката ќе им смени сѐ нејзе и на нејзината партнерка“.
Што подразбирала Квин под тоа „сѐ“?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Она што ја прави значајна е тоа што претставува необично откривателен пример за една многу поопшта склоност – склоност на многумина геј-луѓе денес да настојуваат дека се не само „речиси нормални“, како што тврдеше Ендру Саливан туку и крајно банални.459 Ефектот на оваа настојчивост е бришењето на особеноста и посебноста на настраниот живот, со што се одрекува способноста да се придонесе со нешто вредно во светот во кој живееме.
Кога на 24 јуни, 2011 г., државата Њујорк донесе закон со кој им се овозможи на луѓе од ист пол да се венчаваат, Асошиејтед прес побара реакција за тој историски настан од отворено геј-претседателката на њујоршкото Градско собрание Кристин Квин, која ја соопшти веста за напнатото конечно гласање во државниот законодавен дом на конференцијата за печат на њујоршкиот градоначалник Мајкл Блумберг.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)