Нека ми простат скаменетите самовили од Леденото Езеро, ама тврдам нивните приказни за Вок со едното око се производ на лагите со опашки со кои се обидуваат да си го возобноват угледот.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Се насмевна сакајќи да избегне да се поздрави со нив брат му го виде, иако му се чинеше дека очилата над чудните, немирни очи се замаглени од замисленост.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Но неговите очи се шашливи, ќе се насмее. Гледаат на две страни.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ништо. Очите се слепи од црвена врелина.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Твоите очи се црвени, твоите раце нежни, тие се создадени за да ги љубам јас...“
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)