Покорно, дури со молба (во очите трепери солза) стапнува на столче, ниско само три педи, колку да се затегне јамката и колку да допрат одвај врвовите на прстите до подиумот...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Замижувам: само уште три дена - си повторувам - а пред очите треперат шарени свитки - небаре калеидоскоп.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Но веќе во следниот миг го гледа деда си како стои некаде, не гледа на што стои, и само со очите мрда, а очите му растат, растат, стануваат големи и дедо му веќе го нема, само две очи треперат, па се претвораат во птици, а птиците летнуваат и летаат, летаат кон некаква црвена точка, а точката расте, расте и сè станува црвено... ...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)