Од ова место, од овој брег, Профим наутро прв узнава каков ќе е денот; прв наутро со очите шета по езерото, и по неговата мирна или разбранета површина, заклучува каков ќе е денот: убав или лош; одовде тој прв го здогледува и раѓањето и умирањето на денот; одовде прв на дланка ги дочекува дождовните капки, првите снегулки, ветровите, маглите; по сите пролетни и есенски поплави што го зафаќаат селото, тој прв излегува од куќата како дедо Ное од ковчегот, и проверува што сторил господ; што однесле суводолиците од селото, а што оставиле; одовде тој секое утро се прекрстува кон манастирчето Св. Арангел, молејќи го за здравје и долг живот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кога е топло, Полин седи на чардакот, го врти лицето кон сонцето и се пече како гуштер, а кога е студено, седи во одајата крај огништето вртејќи го грбот кон пламенот, а со очите шета по цеповите на ѕидот за да види низ кои свирка ветерот за да ги затне со крпи, калчишта или со кожинче од јагне.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)