око (имн.) - над (предл.)

Арсо прошетува со светнатите очи над главите на луѓето и забрзано, како да рецитира, во еден здив одговара.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Ни-ри-ви-на, и се обесвестив. Кога ги отворив очите над мене стоеше мојата свршеница.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој брзо пиеше, таа, непосредна и безгрижна, се восхитуваше, со детски сјај во очите над многуте анегдоти на богословот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)