Живми вера, ете, пак не лагал окото мој.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Мракот покри се и очите мои.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
- Веднаш да си отишла горе, - ѝ рече тој - да го земеш јорганот наш од него, а нему да му кажеш очи мои да го не видат, уште утре да си ги прибере парталите.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Се свртувам кон себе, очите мои ме гледаат.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Јас и два живота да живеам нема да се доволни да простам и заборавам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Никој нема да ти го допре срцето, зошто таму е моето срце, во твојот поглед е мојот лик, во твоите очи мојата убавина, на твоите усни мојот копнеж, на твојата душа мојата љубов, на твоите гради мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Очајот се вовлекол во огледалото (топло ли му е таму?) и си ја мести фризурата гледајќи во очите мои застаклени.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Благодарен сум му на Бога што ми ги отвори духовните очи мои во слепоста на телесните и што ве испрати да ме повикате, за и вам да ви ја проповедам Радосната Вест.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Изгледаше вака, о блажени, ако ми верувате, односно ако верувате на очите мои, со мои очи видено, од моја рака умножено: „Пресметка“, рече.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И дојде, тој, но очите твои не го препознаа како ангел црн, туку како бел, како што очите мои не го созерцаа нечестивиот во видението што ми одзеде чест, име и почест.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Може ќе се вика Мурат, може Муралај - не знам, ама дури и харем да има, око мое не ќе го види повеќе!“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Слушај вамо, момче - му рекле - ај ние да се ватиме со облог: ти ќе ни свириш со шупелката и ние ќе играеме; ако н¯ натсвириш, што сакаш ќе ти даиме, а пак ако те надиграме, ќе ти 'и земиме обете очи.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Земи 'и синко, овците - му рекол старио - и отерај 'и да 'и пасиш, оти прегладнеа, чунки одамна не биле на пасење и сегде да 'и пасиш, само на самовилцката планина да не 'и носиш, оти има три самовили што ми 'и зедоа очите мој.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Не знам каде тоа во очите мои виде пресуда.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
И тогаш удри дождот. Господе, си мислам, ова дека секнаа очите мои, ова дека немам повеќе солзи, си мислам за дождот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ѕвездите гледаат во мене, треперат како и очиве мои.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)