Погледот и беше загрижен, очите насолзени, ама зрачеше со некоја недефинирана енергија...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Се расплака Дедо Мраз во земјата Дардаванија и со камен на гради, со очи испренасолзени и раце несмирени, застанал пред вртелешката, меѓу оклештените кукли, која од која поубава, која од која полична.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Во водата една медуза си трие очите насолзени од многу сол и се мачи да го утврди растојанието од старата до новата болка.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Ама еден ден, дури овците пладнуваа, Донка на Игнатовци со очи насолзени фати да им раскажува како насон го видела свршеникот свој врзан во синџири.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Умре ли некој?
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)