Ги затвори очите небаре мисли за да погоди, a се сети уште кога Стојан и рече „пред три години да јадеме тиква", ама не сакаше да го изусти името и да си го покаже лицето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- А виза? Каде виза? – ме прашува и упорно ме гледа в очи небаре ме фати на крадење.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Навистина малку црнгалесто во суратот, со испрчени устиња, малку поедри заби, напред истурени, но младо како роса, Кожата по обравчињата му свети како со масло намачкана, црните очи некако на грозје личат, а косите ги пуштило над очи небарем сака да ги закрие од алчните погледи на присутните.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)