Го гледав со ококорени очи смешно фатен за држачот, не, не можев да поверувам на сопствените уши, но тој продолжи да зборува и ми рече дека човекот го направил од сé подолу, “мифка” како што рече, и тоа баш пред колегите што се насобрале околу него и слушале како невидени и уште многу потоа зборуваше, пени на уста му излегоа.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)