Тоа е миг кога окото човечко е под опсада само на едно делче на светот пред кое другите нешта престануваат да живеат - светлоста се повлекува во темница, звукот се затвора во школка на тишина, мислата останува скаменета, нема небо, нема земја; сѐ е магла во која, дури и без тебе телесен, живее единствено предметот на твојата еуфорија со која само среќните старци и се предаават на смртта.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Зачудува како човечката рака, во бездната создадена од водите на Јантра, таму каде што таа како змија го заплеткала Трново, се решила да гради живеалишта кои окото човечко оддалеку ги доловува како да надвиснуваат, и, се чини, секој момент можат да се струполат во водите на длабоката клисура.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)