Се гледа и со голо око дека големиот бран никогаш не спие а понекогаш милува некого да го протресе низ песокта на времето и јасно да стави до знаење дека е свршено со големите занеси и дека е редно некој да почне да потонува и во мислите.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
- Заколни ми се сега за очите дека нема на никого да му кажеш за оваа работа.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Синот виде во татковите очи дека му ја говори вистината и зависта во миг му го ослободи срцето, но сепак го праша љубопитно: - Тогаш, кажи ми во што е разликата меѓу нас?
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Во театарот тогаш погодив по сјајот на твоите очи дека ќе сум сам и сам и осамен, смешен до смрт, од оној ден коа ќе се вратам во собата да се заканувам и да му наздравувам на заборавениот палјачо. Пророк!?
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ги гледаа крстовите издигнати над снегот и се ежавеа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Рибарите шетаа со чуновите по езерото и не можеа да се изначудат и да им поверуваат на своите очи дека селото го нема.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Вечерта седев кај тројцата весели студенти и се колнев со насолзени очи дека ќе се одмаздам - почекај, Бато.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
На пример, ми падна в очи дека Катерина не седеше во скутот на Мирко Бунде; беше расположена на софата; но навистина го беше навлекла на колковите спомнатото крпче од здолниште кое во најдобар случај можеше да прекрие само четириесетина сантиметри од оној предел помеѓу нејзините колена и делот на слабините од каде скапоценоста, нејзиното папоче, што не смееше толку лесно и неодговорно да се раздава на туѓите погледи, срамежливо наѕирнуваше како роза или како око.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Јана беше прилегната на другиот крај од софата и немаше да ја забележам ако не ми паднеше в очи нејзиното арогантно однесување; госпоѓата воопшто не ме забележуваше ниту пак беше изненадена од моето присуство.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Зар не Ви паѓа в очи дека посетите на таа жена паѓаат токму во моменти кога Вие имате средби од - интимен карактер?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Тогаш Трајанка го погледна Пецета милозливо кажувајќи му со очите дека не треба да се плаши и стана.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Но, од друга страна, претераната коренитост на тие разлики, извалканоста и стутканоста на писмото „така несоодветни на вистинските уредни навики на Д“ толку многу укажуваа на намерата да се залаже окото дека станува збор за безвреден документ; сето тоа, заедно со грубата наметливост на документот оставен пред очите на секој посетител, беше сосем сообразено со заклучоците до кои претходно бев дошол; сето тоа, велам, силно го потврдуваше сомнежот кај човек дојден со намера да се сомнева.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Не сакаше да им верува на очите дека сето тоа што го гледаше на малиот екран беше вистина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)