Иако нема муви, говедата постојано се удираат со опашките по слабини.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
По него, по Васила, влечкајќи ги муцката и опашката по снегот, оди Караман.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Поправо, крупната риба и не ја гледаш, освен оддалеку, како рибарот во гумени чизми ја носи држејќи ја за жабрите и што повисоко да не ѝ се влече опашката по земјата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Затупка со опашката по паркетот како да го повикува неговото внимание и сочно, некако разлакомено, почна да се оближува со јазикот и наметливо да потквичнува.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)