За разлика од спортските ѕвезди, забавувачите на кои работата не им е да победат на натпревар, туку да изведат сценарио на сцена – било да е тоа сериозен театар, брoдвејски мјузикл, некоја опера или балет – поради тоа се феминизираат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Која е логичката и емоционалната врска помеѓу тоа што некому му се допаѓа Џуди Гарланд и тоа што сака секс со мажи?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Квир-движењетo од почетокот на 1990-тите, кое го разработи тој поглед, само го преоткрило она што претходните зналци на бродвејскиот мјузикл веќе го знаеле, а што моите геј-студенти некако самите го скопчаа: некои негеј-културни облици, како што е мјузиклот или големата опера или поп-музиката или дневните женски телевизиски програми, овозможуваат многу поцелосно ослободување отколку што може да даде геј-политиката, бидејќи вторава се стреми само да го подобри светот, а не ти ја менува состојбата во тој свет или твоето покорување на него – барем не веднаш.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Возможно ли е да се утврди некаква замислива врска меѓу машката геј-желба за сексуален контакт со мажи и сакањето велика опера или бродвејски мјузикли или дизајн од разни временски периоди?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Историски, имало склоност сексуалните практики и родовите идентитети на геј-мажите да се концептуализираат одделно едни од други, да му се даде приоритет на еден, а другиот да се третира – ако воопшто се третирал – само како обична последица од првиот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
“ или „Вратете се како победници“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А ако случајно не сте сфатиле, упатува на великата сопранска арија од првиот чин на Вердиевата опера од 1871 година, Аида.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Вистина е, за да ја сфатите алузијата, треба да имате многу повластено потекло или да сте растеле во италијанско или во уметничко домаќинство, каде што сте слушале опера или сте оделе на опера – или треба да сте поминале низ воведување во машка геј-култура која, иако можеби си се претставува како аристократија на вкусот и иако можеби си се идентификува со некаква општествена елита, со луѓе што одат на опера, сепак, во смисла на своите припадници не е баш ограничена на припадници на повисоките класи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со други зборови, членарината за користење на мојана сала беше скапа, но не беше толку скапа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Златната доба, дефинитивната верзија на бродвејскиот мјузикл била „целосно концепција на четворица геј-мажи“, па затоа и била „единствената општокултурна појава“ со машки геј-следбеници во чие создавање геј-мажите неспорно биле присутни – со други зборови, за разлика од великата опера или од Сѐ за Ева.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Го гледаме тоа во танцовните керефеки што фудбалерите си ги изведуваат крај линиите, го гледаме тоа во накитот, во тетоважите и во фризурите на професионалните кошаркари како Денис Родман (иако Родман тврдеше дека никогаш „не се вкопил во калапот на маж од НБА“).290 А со тоа ни оддалеку не сме ја ни начнале метеорската кариера на Дејвид Бекам, кој му се посветил на изгледот барем исто колку што му се посветил на дејството.291 Професионалните спортови сѐ повеќе заличуваат на театар, на огромна и бескрајна мелодрама што постојано се одигрува на кабелските канали како И-ес-пи-ен и на спортските страници во весниците и во списанијата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, самите спортски настани и натаму си задржуваат родова кодираност инаква од кодираноста на сценските изведби.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во случајот со геј-мажите, меѓутоа, штосот не е само да се разграничат машките геј-културни практики од машките геј-сексуални практики, туку, откако ќе се постигне тоа, да се сфати како се поврзани меѓу себе.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)