На 10 јануари 1944 година, Одделот за специјални операции и „Лондонската група“ се фузионирале во Главен штаб на специјалните сили, под чија команда ги изведувале своите воени операции.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Знаеше дека операцијата и истрелите по него не беа сон но од криењето во урнатата куќа до средбата со црниот агент се протегаше темница без дно во која тој мора да бил мртов.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Така, во периодот од јануари до септември 1944 година, тимови што биле составени од еден британски СОЕ војник, еден американски ОСС војник и еден офицер од земјата во која биле испратени, биле упатувани во земјите на окупирана Западна Европа за да ги помогнат движењата на отпорот и да ги координираат заедничките операции.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Министерството требаше не само да ги задоволува многукратните потреби на Партијата, туку да ја повторува целата операција и на еден понизок степен, за потребите на пролетеријатот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
4 Битно е да се истакне дека Ф. И. претходно се обиде на мирен и вонсудски начин да го реши проблемот со работодавачот, на начин што од него побара да ѝ бидат покриени трошоците за операцијата и за понатамошното лекување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
210 Имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата, големите трошоци за евентуалната операција и лекување, како и намалената животна активност и претрпениот страв – работничката, после консултација со адвокат (А.Ѓ.Танчевски) кој правно ќе ја застапува во сите понатамошни фази на спорот, летото 2008, се решава да тужи по основ на повреда на работно место и на тој начин да бара обесштетување со кое што ќе го продолжи понатамошното лекување и ќе ја надомести направената нематеријална штета.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)