Јас веќе вежбам како да му се заблагодарам во својот оскаровски говор, пошто Цаци ме опомена дека ако не ќариме оскар - ништо не сме направиле јас и тој!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Не ги послуша ударите под превивката, тие јасни опомени дека е еднорак и дека на Мирона вратот може да му се свитка само со ластерка.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Во онаа полупоспана состојба (кога мракот не е само темнина) овие зборови ми прозвучија како сожалување но истовремено и како закана.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Како провокација ми прозвучи и она забелешка на иследникот, и тоа среде испитувањето, дека постоеле моменти кога будноста попуштала.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Таквите околности не смеат да се користат“, гласеше неговата опомена.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во поранешните денови, при едно од спроведувањата кон собата на иследникот ми беше упатена, можеби и со добра намера, опомената дека секое барање од страна на службено лице кое не звучи и како заповед, или барем како закана, треба да се сфати за неприлично.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Секако дека оваа замка лесно ќе ја совладав ако истовремено, кога бев готов да го сторам тоа, до свеста не ми допреше нешто кое ме опомена дека се работи за поединост што не треба да ја прескокнам.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Пенушка - мртва опомена дека јаките стебла немаат отпор за се.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)