И така денот го направивме ноќе, а болките во рамената од носење трупци и сандаци со оружје беа се поголеми.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
“ Глас: Александар потоа веднаш го стави шлемот на глава, другото оружје беше веќе стокмено: сицилијанска облека со појас и преку него двоен ленен оклоп, од пленот што го стекна кај Ис. шлемот беше дело на Теофил, со железо, но сјаеше како чисто сребро.
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Југословенското оружје беше на висока цена, рентабилен експортен артикл.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Нивно вистинско оружје беше безмилосното сослушување што продолжуваше со часови; го сплеткуваа, му поставуваа стапици, искривоколчуваа сѐ што рекол, го уверуваа на секој чекор дека лаже и дека е противречен, сѐ додека не почнеше да вика колку од срам, толку и од нервна премореност.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)