— Море кој ни а дава нам таа слобода, бре Толе, шо ве лаже умот!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ние, ние со паличниците, со косите, со секирите, ние со испуканите раце требе да тргниме да се ослободуаме; та на тиа шо го имаат оружјето в раце, чии раце се меки, најадени, напиени, наспаки каква слобода му е требна?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Страва не минеше од нас. Од смртта исплашени тогај зедовме оружје в рака. Чувствувавме дека ни мрзнеше крвта..
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Дење ораат, копаат, а кога стане нужда сите се на нога со оружје в раце. И не само тоа. Мошне се лукави.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А бидејќи таквото обезбедување никојпат не е сигурно, без да се ангажира една од големите држави или неколку од нив со оружје в рака да го поткрепат тоа обезбедување, тогаш од Бугарија не можеше да се очекува замешување во македонските работи.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)