Мажи и жени и по некоја уште нестасана девојка ги собираа и ноќе пренесуваа оружје од магазините во Преспа до планините на Грамос.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И да не навредувам? Море, пиштолот за вас, крвници народни, што го фрливте народот сред оган и сега го оставате да се пече, бегајќи да не ве привлече и вас на жарот да изгорите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во осум часот и триесет минути нашите единици во реонот на селото Крчишта мора веќе да имаат создадено силни одбранбени точки со цел да биде заштитена фалангата која во попладневните часови мора да се најде во полето на селата Косинец и Лабаница, а главнината во селото Смрдеш и натаму кон Брезница - Руља - Желево каде ќе бидат пречекани и снабдени со храна и оружје од нашите тамошни единици за што - тој погледна на часовникот - веќе во ова време Кикицас верувам стигна таму и ги дава соодветните наредби...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Камо ви го оружјето од братска Бугарија?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)