За време повлекувањето на германските фашистички војски во 1944 година, мостот бил миниран, но во последен момент спасен.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Секоја од империите, осудени на неизбежен пад и заборав, како да има свои надгробни плочи во остатоците на киклопските камени блокови на кои беа втиснати пораки со различни писмени знаци, секогаш разместувани од новите освојувачи или од потресите на земјата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Низ мостот не престанале да минуваат војски на освојувачи или ослободители на градот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)