остров (имн.) - ќе (чест.)

Се сеќаваше на оваа спасена човечка протоплазма, на сржниот дел на еден народ, што овде околу Цариград и медитеранските острови ќе го најде дефинитивниот спас, предавајќи се на големата егзилска судбина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Еден ден тој им предложил на другарите ваков план: кога луѓето од островот ќе се нурнат во морското дно по школки, сите од бродот да сјурнат по куќите, да ги ограбат сé и веднаш со бродот да се изгубат во океанот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Светот настанал од влажен збор. (настанокот на светот според Догоните) во мигот на зачнувањето влажен е и воздухот и вагиналните ѕидови, температурата триесет и седум степени, умерено до значително облачно со услови за краткотраен дожд. никогаш не си земал часови пливање, но грбно ти оди добро. со секое проѕевање во матката по малку и голташ - протеини, јаглени хидрати, електролити и уреа. спокојно се нишкаш на тој воден кревет. како човечка рипка дремеш во мракот. потоа шок - со плач протестираш кога меурот ќе прсне и мокриот остров ќе се претвори во непрегледно копно.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)