Работодавачот може да го откаже договорот за вработување поради причини за кои се дава отказ без отказен рок, само по претходна согласност на синдикатот чиј член е работникот кој се штити од отказ или од надлежниот инспектор на трудот доколку кај работодавачот не е формиран синдикат или работникот не е член на синдикат, а доколку синдикатот во рок од 8 дена не се изјасни, ќе се смета дека се согласил со одлуката на работодавачот (т.н. премолчна согласност).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Заштита на работничките права по откажување на договорот за вработување а) беше извршено дополнување на чл. 91, кој ја регулира постапката по приговор против одлуката за откажување на договорот за вработување без отказен рок или за отстранување од кај работодавачот, со која се утврди дека работникот има право на приговор (без суспензивно дејство), против ваквата одлука за отказ или отстранување, кој се поднесува во рок од 8 дена од денот на нејзиниот прием.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)