пагурче (имн.) - и (сврз.)

„Ајде боже, поможи", ми рече тој, тргна од пагурчето и го пробуцка лулето што беше се угасило дури го слушаше Ристета, па му вели: — А бре, така си е, Ристе сето шо го велиш, токо кога ќе заслепее човек, нишчо не му се гледа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
МИТРЕ: (пие од пагурчето и му го подава, преку огништето, на Котета). Земи, Коте, напи се. Ние забораваме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КОТЕ: Наздравје! (Го зема пагурчето и се крсти).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А дрварот кој одмара под замолчаната воденица напуштена од водите и зборливите птици ме почести со две-три голтки од пагурчето и со приказна од Четириесетчетвртата, кога окупаторот, по борбите на Осогово, ги растовари во дворот на Кочанска црква дванаесетте мртви, од своите...
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
МИТРЕ: Кој, Панде? Хе, за кирајџија е роден! Митрејце, на земи го, фрли го таму пагурчево и дај да покаснеме пак да излеземе.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)