Тој беше подучуван дека ќе се вивне во самите врвови на духовниот живот на заедницата, можеби и пошироко, неговата младешка волја беше насочена на животот во јешивата11, во поуките и верскиот живот и во амбициите, најнапред нивни, на татко му, на семејството, на вероучителите, потем и негови, да се совлада што повеќе и што подобро. Подобро од другите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ете, остана и без спомени. Се обидуваше да се сети на некоја палавост во детството. И едвај успеваше.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)