Тие беа љубезни, го канеа Петрета де ваму, де таму, како да е богато облечен јунак, разговараа со него, се интересираа за панаѓурот со дикат, и сето тоа изгледаше како сон, таа почит и таа мекота во однесувањето и во движењата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Петре, ибн Бајко, иако манастирот беше, што се вели, не само близу туку поблизу и од трепката до окото, веднаш спроти Скопје, над реката Серава, а на ридот што се вика Вергин, одвај дочека да го пратат на панаѓурот со манастирските чоеци, па да слезе во градот како што тој милее, да слезе и да го разгледа градот што ти имал сто и дваесет чешми и сто и дваесет џамии, над четириесет меани и маала, себил анои и амами, за кои беше многу слушал.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)