Темјанушката е ѕвездолик цвет со пет ливчиња чија што боја е производ на додавањето на црвената боја (бојата на бесмртноста) во сината.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Како пандан на езотеријата настана булеварското производство, уметничката индустрија.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Нивниот најнов мини-ЛП “Five Dollar Bob’s Mock Cooter Stew” претставува еден шокантен grunge пандан на потегот кој своевремено The Byrds го направија со албумот “Sweetheart of tehe Rodeo”.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Козма Прутков - потроена личност во руската литература, легендарен раководител на Палатата за мерки, руски пандан на англиското Министерство за смешно одење, псевдоним, зад кого се сокриваат двајца браќа и еден братучед, А. и В. Жемчужникови и гр. А. Толстој.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Немања Митровиќ, во оваа „Маргина“, е српски пандан на Д. Угрешиќ, барем ако судиме по егзилот. Тотално аполитичен.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Оригиналното езотеричко значење на темјанушката и до денес е сочувано во жаргонскиот израз „pansy“, со кој се означува феминизиран маж или машки хомосексуалец (егзотерички пандан на езотеричниот хермафродит или андрогин).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Преводот на Салтиков-Шчедрин, М. Ј. е извршен според изданието на „Историја на еден град“, Москва, 1989 година.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Повеќе сакам со остроумни решенија да им го загорчувам животот на непријателите, пандан на Тито и понтонскиот мост преку Неретва, отколку како великиот Тесла да им ги осветлувам патиштата.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)