А вие? - Јас студирам англиски, - му одговори таа, акцентирајќи ги строго само последните слогови од зборовите.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Така, уште запетлувајќи си ја кошулата и премислувајќи се дали да ја остави преку панталоните или да ја вовре во нив (првото беше недолично за старите, но поудобно за врелите ноќи, а второто попристојно, но и постегнато за потната снага), Ване влезе во кујната и веднаш забележа дека столот на гостинот - натрапник беше празен.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Потоа, кога влегуваше на час точно навреме, им се насмевнуваше на учениците и тие гледаа во неговите два огромни предни заба, строго концентрирајќи се само на нив, а не на изборот на кошулчето, вратоврската, панталоните или каишот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)