Сега можеше уште да гледа како тлеење се пробива во илјадници такви проблеснувања по сиот спротивен пар и како го опфаќа во својата тивка разгореност сето ткаење на дрвото.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тренинзите и трките се одвиваа на еден рид близу градот, што сите го викавме Зајачки Рид, не затоа што таму имаше зајаци, туку затоа што ноќе таму се состануваа љубовни парови и водеа љубов по автомобили, на брзина.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)