- Шо!!! – викна дедо - па ти уште не си почнал, а веќе парите ги бараш?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Имаат семејства и парите ги праќаат дома.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Скромна сум, а парите ги трошам најрационално, зошто во моментов ми се детерминирано, редуцирано средство.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Тој парите ги држел во некој ковчег на таванот, а овие, таа Митра и овој Војне наш, ноќе му влегле низ покривот од куќата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Ма, парите ги перат и место прскалки, црева за вода купуваат“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
јас сум до тебе, ми вели тој, јас цело време стојам до тебе, ми вели, ами оти не ме браниш од галебиве, му велам, нема со што, ми вели Горачинов, гледаш дека ми се зафатени рацеве, и после како да сме гувееле пред сонцето паднато во водата, се наведнуваме небаре пред свекор, пред свекрва, што се вели, а водата светка, си потфрла тркалца од бела пена, како ситни пари да сум пуштила, да сум фрлила во водата и парите ги собираат плипот деца, а после не биле деца, туку јато риби, изрипуваат нагоре, им светнуваат белите мешиња над водата и тогаш од бродот ми паѓа Горачинов, се провира и ми се губи ко јагула меѓу рибите, јас викам по него, но гласот нерастурен ми се враќа назад; се враќам и јас од сонот,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
27. ЖЕНАТА ГОДИНИТЕ, МАЖОТ ПАРИТЕ ГИ КРИЕ - а обајцата не признаваат кривица своја, та можеби во бракот се зарекле тие и на ѓозбојаџиите да им продаваат боја...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Мајка му на Љупчо плачеше. Всушност, Љупчо призна, дека парите ги зел од оние што се за дневни покупки - за млеко, леб и друго.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Директорот им раскажа на мајките за сѐ што се беше случило претходниот ден.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Кога ќе се случеше, на крајот од месецот, секој од нас да си го даде својот дел, таа ќе речеше, со својот ведар глас: – Јас, чеда мои, парите ги давам за вас.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
- Ова е член сто и четиринаесет од Кривичниот законик, - рече Остап, - давање мито на службено лице при вршење на должностите.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Но парите ги зема, и без да се поздрави со Александар Јаковлевич, се упати кон излезот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
А ние парите ги потрошивме на првите две Маргини годинава.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)