Срамота е тоа што се прави со човечкото срце!...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Напротив, токму затоа што ништо нема да им ја надомести загубата, зашто ништо на светов не соодветствува со она што ужаленото и гневно семејство го сака, затоа што ништо што би сториле (ниту одмаздата) нема да биде доволно за да им се преведат чувствата во соодветен облик на личен и јавен израз, ете токму затоа можат да се согласат – колку и да е тоа неволно – да се помират со чисто симболично обесштетување (во вид на пари).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
КОСТАДИН: Ех! Знам и јас... Пари им требаат! Пусти да им останат... (Чекори нервозен).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Михаил Д.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа несразмерност, укажува, е истовремено и последица на човечката смртност и генеративен извор на симболичните општествени норми чие обештетувачко фунционирање ги дава единствените средства за премостување (но не и за затворање) на јазот помеѓу човечкиот субјективитет и човечката општественост:
… и од убиецот зар на братот ќе земе
или за своето дете убиено откуп си прима;
та си останува оној, што отплатил многу, во градот,
овој пак срцето своје и гордиот дух ќе го смири,
кога ќе добие откуп; а бозите в градите тебе
лош и непомирлив дух ти ставиле...
(Хомер, Илијада 9. 633-637; прев.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Петрушевски; кај Халперин анг. прев. Lattimore)
Беседичката на Ајант за институтот крвнина истакнува дека човековата општественост зависи од одржливоста на трансакциите што не ги изразуваат чувствата на општествените дејци, туку дека само ги претставуваат, ги симболизираат или инаку ги вообличуваат.
Зашто, ако семејството на некој убиен маж прифати откуп во пари од убиецот и, во замена за тој износ, се откаже од секаква надеж и од секаква намера да се одмазди, тоа не е затоа што зделката емоционално ги задоволила ужалените роднини ниту затоа што парите им ја надоместиле загубата, а камоли затоа што им го оживуваат убиениот роднина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)