РИСТАЌИ: А бре, ако те победам, како партал ќе те фрлам преку пенџере, туку е работата и, случајно, ако ме победиш да не ја земеш.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
РИСТАЌИ: Море, да не беше отишол и јас ќе му стегнев некоја клоца и како партал ќе го исфрлев!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
На таа става од Бога дадена и парталите ќе изгледаат царски.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Мислевме дека тој ден на некого му е пишано, некого сосе партали ќе го изеде.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Се согласив. Моите одобрувачки мавтаа со главите, очигледно со олеснување, зашто „Црните пантери“- според она што го видовме - најверојатно „партал ќе нѐ стореа“, само да ни „песнеа“.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)