Тој е човек кој никогаш нема да се определи за некоја политичка партија или макар која и каква општествена опција.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
“12 Несомнено, доколку таквиот план би се остварил и би се проширил би можел успешно да му се спротивстави на обидот на Германија да ја држи “Европа во целосна потчинетост и воспоставувањето на новиот поредок би било скоро невозможно“.13 Тие биле свесни дека народот е тој кој “еден ден ќе претставува тајна армија и сите активности кои се насочени кон разбирање на тоа се активности на СОЕ, јасно одделени од воените операции, кои се преземаат од сојузничките трупи без помош на домашното население“.14 Реализирањето на сето тоа, сметале тие, било можно единствено ако се помогне некоја партија или група чија внатрешна програма му давала извесне надеж на народот дека нивните природни потреби за поголема економска сигурност, социјална правда и реформа еден ден ќе се остварат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
И тој ѝ соопштил: дека има укор пред исклучување од Партијата и дека има три месеци време да покаже дали ѝ е лојална на Партијата или не.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)