партнер (имн.) - во (предл.)

Во тој период, верен пријател и сигурен партнер во покерот му беше Самир Мустафа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Постојани партнери во покерот и понатаму беа муслиманскиот поглавар Афз Идриз и првоборецот Самир Мустафа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Трет партнер во покерот им беше републичкиот верски поглавар Афз Идриз.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
ДР Германија е наш значаен партнер во надворешната трговска размена и се вложуваат напори таа да се прошири уште повеќе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тројцата партнери во играта сакаа да стигнат до победничкото чувство, секогаш од некакви посебни побуди најмногу поврзани со нивните лични судбини.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но хармонијата ја расипуваше секогаш четвртиот непознат партнер во играта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Броењето на прсти кое го забележаа јасно укажуваше дека станува збор за повеќе партнери во исто време, а касарната во Куманово имаше поприличен број војници.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога се враќаше дома доцна навечер по веќе темните улици на градот, се чувствуваше како градот во кој живее да му е единствениот пријател и партнер во неговите планови за следниот ден, за кои секогаш размислуваше одејќи кон дома.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
33 Измената на чл. 213-б која претходно регулираше дека сите 9 члена на Комисијата се избираат по предлог на Владата, а синдикатите и асоцијациите на работодавачите имаат право да определат свој претставник кој само ќе присуствува на работата, е директна консеквенца на Одлука У.бр. 263/2009 на Уставниот суд, кој нотира дека во ваков случај „одлуките за изборот донесени во Комисијата по својата суштина не би биле одраз на објективизиран пристап во одлучувањето на социјалните партнери во трипартитниот однос во економско-социјалната сфера во општеството“.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Само прашајте го својот партнер во креветот дали неговиот/нејзиниот може вам да ви ги претставува сите свои серијални претци!
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Глобалниот јазик на брз фидбек со икони и меми, олеснети со инстант преведувачки алатки, елегантно ќе ги елиминираат јазичните бариери што во последните векови беа одговорни за повеќето војни и конфликти. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 60
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сега можете да играте електронски тенис со партнер во Токио, да комуницирате со училница во Париз, да киберфлертувате со фините момци во некоја од четирите локации што ви се на избор.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тимоти Лири ДЕКЛАРАЦИЈА НА ЕВОЛУЦИЈАТА
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)