Од таа навика никако не може да се ослободи, а и не сака, зашто ужива да ги споделува со нас своите читања, што особено го нервира брат ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Татко ми, пак ја дочитуваше токму неа и воодушевен, одвреме – навреме на глас нѝ читаше по некое парче или нѝ раскажуваше дел од содржината.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Никој нема да ти се вџаши, да свика за да се побуни, да те прекине среде реченица, ако се осмелиш да навестиш дека тип кој обожава диви, кој сака сентиментални песнички за невозвратена љубов или песни од мјузикли, кој наизуст ги знае најдобрите реплики на Бети Дејвис или им придава врховна важност на отмените парчиња или на внатрешното уредување – велам, никој нема да се згрози ако подречеш дека таков некој маж, можеби, евентуално, не е баш сосема стрејт.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)