- Проклети да се вештерките! – проколнуваше таа низ редба – Проклет да е патот што не доведе до нив и ни ја впрска несреќава!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Изгледа таа го забележа моето изненадување и рече: - Ние сме просфиги...9 – и почна да нѐ води по патиштата што од Турција до Ревани, сега Дипотамија, пропешачија нејзините родители со двете ќерки и четирите синови.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Кога нивната колона се изви по патот што водеше в град, Мече одеше на чело со освоеното знаме, кое што весело се развеваше над гордите младински глави.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Како што првиот пат што идоа, така и тогај беа си долетале на нашава земја.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Бара некој пат што не се гледа, се искачува, се мачи и се одделува, се одделува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)