Со исти песни ги оставаме љубовите во сегашноста на минатото Ако застанеме на ветрот ќе го измие делот од нас...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Децениите што новите песни ги делат од првите, свесно и како творечки поттик и постапка ги искажуваат своите поетички разлики и во јазикот и во ликовните и звуковни својства, и во версификацијата и структурата на песните и во градбата на реквиумот.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Петлите своите утрински песни ги лигавеа како скочанети реси или како мразни синџири ги фрлаа во воздухот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Грант, (1867-1877) на прашањето дали слуша музика и кои песни ги знае, одговорил: „Јас знам само две песни: едната е ’Јенки Дадл’,а другата не е ’Јенки Дадл’“!
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Додека некој како Бјонсe ни дава, општо земено, неиронична стрејт-музика што можеме да ја прекодираме во геј-култура, Гага ја врши работата наместо нас“.138
Сепак, постои разлика, тврди Шерер, помеѓу претходните хитови на Гага, како „Покерашко лице“ и „Ваква родена“: првата е, „на површината, песна за кокетна женска што си ги крие вистинските чувства од дечкото што ја лови и кого таа го лови, но поттекстот е покерашкото лице на плакарот што ја крие и ја глуми сексуалноста, а тоа е она што песнава ја направи онаков хит меѓу геј-публиката на Гага: песната ги содржи клишеата на стрејт-поп-песните, додека лукаво го протнува овој настран поттекст“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Е, тоа беше златното време на шадханите од кое, фала му на Севишниот, и јас нешто фатив.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Девојките собрани во некоја од авлиите тие песни ги слушаа со тага, вдишуваа од вечерниот мирис на ѓуловите по бавчите, се кикотеа запирајќи го везењето и се дошепнуваа за момчињата врз кои крадешкум им паднало окото или од чијшто поглед им затреперило срцето тој ден; или пак седеа замислени, зашто најголем број од љубовите на Јалија и на Дорќол4 завршуваа неостварени.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И вчера, кога тие со својата песна ги разбудија сите, нешто ме сечеше тука... и јас сум бил војник во три војни, ама гласот ми беше машки, силен, моќен, а дека ми трепереше, што можев.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Истите песни ги пеевме и ние, далеку од дома.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Тие песни ги пеевме и дома.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ја засакав оваа книга, по стопати ги читав песните, многу од нив веќе знаев и на памет, но најинтересно ми беше тоа што во напишаните песни ги препознавав чудесно убавите песни што знаеше да ни ги раскажува баба Велика.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
се распали, гори Македонија можеби и отшто ги баталивме утринските молитвени песни отшто ги баталивме и вечерните серенади а додолските песни ги избришавме од сеќавањата од сите носачи на звук (останаа само носачите на зло).
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)