Недалеку од нив седело на пресна липова пенушка златокосо грбле и со гајда и дедовски песни им го гонело сонот од тапите и сепак на одреден начин загатливи лица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се работело на смени и ноќе, крај запален оган и под чадливи факели, и сето тоа движење на молчаливи сенки и сеништа чиниш било чинодејствие од некој друг непознат свет, небаре куп жилави корења биле поткренати од камен и земја со силата на мртвите пренесувачи на воденички камења.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Власите во Грција немаа и немат никакви права, не смееја да зборат влашки, да живеат во градовите туку мораа да останваат високо во планинските села, на песните им го менваја тексто во грчки и ги претставуват како нивни да се.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Уште од рани зори момите и невестите, засукани високо над колена, ја газеа калта, притоа низ песни им дофрлаа на сосетките: Нашите црепни најлични, вашите црпни - црепутки Митро ле, моме најлично, али ти земја грутлива, али ти криви нозете, што ти се црепни - црепутки? - Ихиии!...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ергените, од секое домаќинство по еден, токму оној што се замомчил и требаше да се покаже, или оној што требаше да избере и да биде избран од некоја од момите, за наесен кога ќе започнеше мрсот, да се ќердосаат, дотука вода во калта, искусните домаќинки, за радост на бабите и децата, поседнати наоколу, ги виткаа црепните, сосетките одговараа: - Не ми се криви нозете, не ми е земја грутлива, туку ми лудо намигна, туку ми умот поштукна, зато ми се црепни - црепутки. - Ихии!...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)