Меѓу две песни ќе скршат нешто за потомството на езерските сирени и за омлитавените летови на глебите.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Во тие педесетти години по некоја од тие песни ќе прочитав на поетските средби, но само две од нив се решив да ги објавам, сепак, дури во 1987 -та на страниците на „Културен живот“, во една панорама на стихови посветени на Кочо Рацин.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
И сега, ете го, пак со таа песна ќе почне.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ама пред тоа мене да ми земете метро - по должина и ширина и најдете ми добро, проветриво место, со широк поглед во далнина и висина, на врв рид, каде ветерот на зајдисонце меѓу дрвја и лисје приспивни песни ќе ми свири, во рани зори славеј ќе ме буди и дождец во спарни долги лета ќе ме лади...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А на камбанарјата ќе клајме ен звучник кој ќе го презева гласо од радјото и од таму од високо, ќе го шири над целото село, гласо на нашио мил водач и борбени песни ќе се слушаат...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сепак, постои стравот од она што иде и што му се заканува на Ренџов дека навистина ќе дојде оној ден кога и првата песна ќе биде последна и последната песна ќе биде прва.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Стерна ќе сум вечна. Ако повтор дотечам Песна ќе су бесконечна.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Каде песниве ќе пораснат во надежни песни.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Веќе знае и со која поза која песна ќе оди во позадина и со кое крешендо ќе завршува претставата.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
По овие страни, по пределот бујат, во црвени крвје што пребликнал сега, за храбрите еднаш песни ќе се чујат и како во синџир оро ќе се стега.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Еве татнеж од невидлив пиштол. Сето тоа во облик на ништо.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Пееме на смена. До облаци песни ќе нѐ кренат.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Оди малку побргу, вели, и песната ќе ја направиме валцер.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ако е речено, од Господа благословено и од светиите поткрепено од ровката земја сѐ нешто ќе из’рти, ќе пркне, ќе ботее, ќе класа, ќе дрочи, ќе зрее - песна ќе се слуша низ домата, низ селото и над Езерската шир.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Ќе запеат подоцна без тој човек и песната ќе куца и ќе се влече сакато; доколку им се придружи трет, можеби Трипун Караѓоз, со нос кој како да раснел на плодно земјиште за цвекла, и болвите преплашено ќе им избегаат од пазуви.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Им било жал: заедно со Васко Тушев убаво пееле во три гласа јуначки и свадбарски песни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со зборови празни врз студен мермер песна ќе пишам, а ти ќе ја читаш со солзи и тага Високо горе во небото сино со ангели в оро ќе „СЛАВИМЕ“ ТАГА...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Верувајте другарчиња мои Верувајте во мојата бајка Јас песни ќе пејам и оро ќе вијам Ќеркичката моја, ќе стане кралска снајка.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Отсега нема ни смешка, ни мрштење кога некој поет во песната ќе ѕида камен на камен, дури отаде сонцето и отаде месечината.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Салата полна со родители, хорот почна, а јас како и секогаш прва ќе почнев, ќе го дадев тонот, една песна ќе се испееше, па неколку деца ќе изрецитираа.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
- Песна ќе ви кажам за него, - рече дедо Геро и засвире.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Џез коктели, вечер на сангрија – песни ќе се читаат кога клубот ќе затвори. (Во четири по полноќ овде има работа само за палеонтолози.) Џандарите пијат бесплатно или земаат процент од дилерот.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Ручекот продолжуваше. Стариците се вознемирија.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
- Сега ќе се наждерат, песни ќе започнат да пеат!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)