песок (имн.) - и (сврз.)

Седиш на градска плажа и поред тебе вештачка палма ти го гали левото рамо, а позади тебе љангар од парк ти моча у квази морскиот песок и дур пиеш секс он д бичот за 230 денара и се осеќаш ко у Мајами бич од другата страна на Вардар загледуеш цигани како собираат пластични шишиња, а после те маа параноја дека чичкото од америчка амбасада те зумира одозгора и ти ѕирка у купаќи.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Кај Данте, душите на оние на кои страста им го заплеткала разумот, на забранетите љубовници (Семирамида, Дидона, Клеопатра, Елена и Парис, Франческа и Паоло – извонредно друштво!) „пловат како чапји“ Лепет на невидливите крилја: зборот, чапјата – Ardea, кажан, под песок и книги, кој знае кога, во нечиј страстен љубовен крешендо, или во внатрешниот монолог на непознатиот, долетува, по мистериозната, музичка аналогија, во она што го запишувам.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ако само малку се концентрираше, на сликите можеше да им додаде и звуци и мириси, цела атмосфера: крцкање на летен песок и слатка врелина под нозете, тазе испеглана постелнина, Нивеа, печени тостови со кулен и млечен намаз, здив после ќебапи, куп искористени кондоми и кучешки лаеж.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Овој камен некогаш шеташе по овие ливади но молеше и кога беше жив: Љубеше да открива зборови низ пустошот, да ги лачи од песокот и низ голем порив да ги таложи врз себеси, да се скаменува.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Без водата од правецот на Дарван, ние сме осудени да се сушиме како риби на сонце, местово ќе стане само песок и пустина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На патот што се викаше џаде, се подаваат истите камења од набиеницата песок и земја.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ги влечка Глигор нозете во мекиот песок и му се причинува: таму зад жолтунестите рабови на хоризонтот го очекува бистрото око на кладенецот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зашто не знаат за стапалките во песокот и за трите стебла врз кои ноќе спијат ѕвездите.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Речиси, еднакви делови од песок и подгорена трева.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во бројни текстови тој ги објаснуваше корисностите што ги нуди таквото зазеленување на фасадите: 1. стеблата произведуваат кислород 2. подобрување на микроклиматските услови (во градот и становите), бидејќи се намалува острината на климатските промени (топло-ладно, влажно-суво итн.) 3. задржување на ситниот песок и сличните нечистотии 4. смалување на уличната бука 5. скриеност од надворешни погледи 6. сенка во топлите месеци, пропуштање на светлина во ладните (токму затоа „дрвата-потстанари“ се листопадни дрва, кои во зима оголуваат и овозможуваат поголем проток на светлина низ крошната) 7. можно е доаѓање на пеперутки и птици, значи радост при враќањето кон природата 8. симболично покажување на новиот однос кон природата - за разлика од кровните градини, „стеблата-подстанари“ се видливи и за минувачите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Заради влакнестиот грб потсетуваше на ѓавол од прикаски кога се откопува себеси од песок и неродица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имаше глас на новороденче - пишти танко и грлено, никој ништо не може да разбере, ни збор ни болка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Господи, таква треска веќе никој никогаш на светов не ќе има: меѓу гробовите се движат еден преку друг зелени коњоштипи, лепливи богомолки и гасеници: гризат камен, голтаат песок и иловица: нивната алчност ја истанчува земјата - под неа се отвораат зелени бездни од кои по ништо се качуваат стоногалки, жегавици и пајаци: гнасните бубачки ќе војуваат меѓу себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сонував зелено: гробишта со зелени крстови, на тие крстови зелени врани се кикотат со човечки глас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имаше многу песок и сфативме дека сме многу далеку од дома.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Малку или многу беше количината на фрленото железо и олово врз главите на немоќните луѓе, малку или многу се загинатите чии коски лежат во масовни гробници на просторот меѓу раскрсницата пред селото ’Рби и мостот на Пероо - Кулата, меѓу брегот на Големото и песоците и трските на Малото Преспанско Езеро?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Меѓу излупените кожинки од дланката и парченцата песок и камења што се имаа залепено на изгребаното место, му се наѕираше малку крв.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја замислив како патува со децата во товарниот воз, и додека се така збиени во мракот на вагонот, им раскажува за патувањето што ги чека, им ветува море, игри на песокта и пливање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„А јас не умеам да пливам,“ вели едно од децата. „Ќе научиш,“ го храбри Отла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Џорџ Смит погледна долу во песокот и откако долго гледаше таму, започна да трепери.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Калето под западната страна е засечен со голем нож земјата е жолта и врз неа ништо не расте ама под тој засек во пеесетипрвата бегалците кои нагрвалија од Војводина најдоа една голема куќа што ги заплашуваше со својата грмадност ама имаше ѕидови од тули една или две бетонски плочи што не одеа од крај накрај и тие што успеаја да се напикаат во неа беа спастрени од ветровите што дуваа од кај француските гробишта оти удираа во калето поминуваа врз куќата долу во засекот поминуваа преку реката и им ги мрсеа косите на луѓето во уличките околу плоштадот оти тие во своите влакнести гради донесоа други ветрови и јас кога прв пат дојдов да го барам братучедот кој садеше дрвца по падините на водно со страв влегов во отскриените делови на куќата низ отворот од источната страна се обидов да влезам и ги видов диреците бетонските диреци се губеа во темницата и којзнае дали таму потпираа нешто и освен што слушнав многу гласови не успеав никого да видам само претчувстував како срцето сака да ми избега па избегав јас назад по патчето што го следеше насипот од песок од врби од магарешки трн крпи гуми стари опинци и вјасајќи така во песокот завидов тројца за кои не знам дали беа запретани во неа или таа поминуваше преку нив преку старецот со долга коса и брада виткана во тркалца реку буштравата туфка за која во истиот миг сфатив дека е дете кое му лежеше преку нозете и преку младичот за кој не знам дали му седеше на раката на старецот дали само главата му беше ставена врз неа како врз перница или пак навистина само горниот дел му се подаваше од песокот и незаинтересирано фрлаше камчиња во водата и којзнае зошто јас потрчав по насипот не обѕрнувајќи се и кај театарот ја скокнав реката по дрвеното мовче нурнав во уличињата околу офицерскиот и после не знам што стана се задржав негде низ град или се вратив во предградието на насипот okno.mk 59
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Станаа тие, облекоа чизми, зедоа лопати и копачи и отидоа на насипот, Фрлаа на процепот камења, дрвја, базје, вреќи со песок и го затинаа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сѐ уште бакнувајќи се, му го искинав сплесканиот, исушен омот и тогаш тој ми отскокна низ прстите како федер од часовник и падна во песокта меѓу нашите нозе. Ми се тресеа рацете.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во паника грабав по песокта, го најдов Вулканот, се обидов да го исчистам па да го навлечам без да ја нарушам атмосферата (Берт Ланкастер немаше ваков проблем) и ги почувствував зрнцата песок во него, па удар на молња, и Големото Езеро во позадината се претвори во Тихиот Океан; кожата ти имаше вкус на сол и на настојчивото прашање на моите колкови твоето тело одговори “да”, твоите бутини се отворија како крила од мојата половина додека задишани испливувавме од бакнежот по кој ти молеше Ох, боже, да. . ; да, звучеше остро како крик од болка така што за миг си помислив дека ние веќе го правевме она и дека некако сум го пропуштил моментот кога сум навлегол во тебе, кога сум навлегол на бескрвниот начин на којшто еден млад маж ја отфрла својата невиност, сум навлегол како да поминувам низ портата што води кон остатокот на мојот живот онаков каков што јас сакав тој да се живее, да, но; О, тогаш увидов дека сѐ уште неповрзани претавме во калта и дека имаше песок во Вулканот додека се судиравме сѐ уште посегнувајќи кон совршениот склоп, сѐ уште Овде грабајќи по Вечноста која што ни беше оддалечена само за мало нагодување, само еден милиметар на лево или делче од инча на југ, иако со сето тоа нагодување песокливиот Вулкан се лизгаше и испадна, но ти повторуваше да иако главата ти климаше не-не-сосем-речиси и срцата ни чукаа како луди и ти рече да ДА чекај ... Margina #32-33 [1996] | okno.mk 179
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со купаќи околу зглобовите, претавме како пливачи за да си ги ослободиме нозете, скоро како да очекувавме плимата да не облие исто како Берт Ланкастер и Дебора Кар во нивната славна љубовна сцена на плажата во филмот „Од овде до вечноста“ - сцена која е толку славна што иако ниту еден од нас го немаше видено филмот, нашите тела ја заземаа истата положба како филмските ѕвезди на песокта и ти нежно ми шепотеше, „Се плашам да не останам трудна,“ а јас тивко ти одговарав, „Не грижи се, имам заштита,“ и продолжувајќи да те бакнувам, ги напипав соблечените кратки пантолони и паричникот во кој со месеци го носев Вулканот како да беше амајлија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)