Но кога во почетокот на шеесетите години, тогаш се пуштија границите и едночудо наш народ замина на печалба во Европа и низ светот, дознале дека тоа не е така, дека земјата лежи напуштена и неизорана, а дека зградите се уриваат и нема кој да ги поправи, почнале да се подготвуваат за враќање.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Настапило некое несогласување, му била мала зработувачката, за својата сопруга не можел да најде работа и тргнал на печалба во Париз.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Одвај ја дочекав пролетта. Тргнавме пак на печалба во Белград.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Секоја сабота навечер го палеше кандилото пред Христовото распетие, таму, во дното на малата соба, се молеше за здравјето и за среќата на своето дете и се колнеше дека нема да го пушти синот да оди на печалба во тие проклети земји, макар тука и со корење да се храни.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Како дете, допораснал кај роднини и пријатели, а штом се замомчил, заминал на печалба во Влашко со тајфата на Котета Клунков.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Таа нива подоцна низ годините, напуштена од татка, заради печалба во Мелбурн, почна да се смалува.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
За печалбата во туѓина. Додуша, тогаш, во ’80 и некоја, Хрватска и не беше странство, ама на море, тогаш наше, преку лето, се зборуваше македонски.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Сега е на печалба во Белград.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
И во најтешки страданија на пуста печалба во земји далечни - ниту сум се откажал, ниту сум хулел...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Кога по некое време се појави пак во градот, токму доволно за раѓање на едно дете, но недоволно за отслужување воен рок, а уште помалку за брза печалба во странство, Горда беше исто така убава, иако веќе не со девојчинска туку со женска убавина.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
И да не беше пошол на печалба во туѓина, да беше ѝ се појавил пред очи, уште тогаш, не знаеше што ќе направи место да му баци рака: дали да го погледне напоречки и да му сврти грб, или да му плукне в лице што ѝ дал такво име, од кое ќе се срами цел живот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Рече дека е учителка, ама грчки зборува многу слабо и толку колку што научила од своите деца и внуци кои се на печалба во Грција.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Јазиците ги научи на печалба во трите земји.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Еден пролетен ден, кога снеговите се стопија, кога големите дабови под Мацково се раззеленија и Караорман ја облече својата зелена облека, со многу други селани, тргна да оди на печалба во Белград и татко му на Трајчета Тане.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Таткото, туку што Трајанка се роди, тргна со групата селани на печалба во Влашко.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)