Судијата на времето ме удира со чеканот четири пати по главата додека дежурам покрај креветот разболен. (Го покривам со моите пердувести заблуди за да се испоти.) Загрижено и поттурам чај под уста на перницата заразена, на пижамите им мерам температура.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)