Алка со раката и удри со главата во џамот, ко пилињата што ни удираат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе ги вртат очите жените и ќе ги отвораат устите, како клунчиња од пилиња што зинуваат за јадење.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не знам зошто, ама тогаш сите пилишта што го прелетуваа пустото поле и пустата мене, сите ми личеа на гаврани и на чавки, на извалкани раце.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јас сум само квачка, си велам. Квачка со пет пилиња што ми ги зеде водата, си велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)