И писателите беа помилувани, од страв дека ним може да им се случи истото што и на познатиот Нобеловец С.Р., кога лик од неговата последна книга најпрвин го врзал гол за неговата работна маса, вербално злоставувајќи го со најздодевните реплики, и читајќи му ги, со особено навредлив тон, пасусите со бескрајни описи на само едно дрво (по кои писателот беше особено познат во упатените кругови), за на крај да му го направи истото што и авторот му го сторил на неговиот лик - го фотографирал во таа, а и во други деградирачки пози, и потоа фотографиите ги ставил на Фејсбук, зачинувајќи ги со злобни коментари.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)