- Додека зборуваме за тоа како се бавиме со состојбите на нашите сетила всушност трагаме по корените на нашата болка - зборуваше Стариот писател или се обидуваше да ги нафрли пред нас своите стравувања или несогласувањата, недоразбирањата што можеби во идниот момент ќе наидат.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Скотје беше уникатно место каде продавачот на семки и вратарот у дискотека имаа поголем углед од еден писател или џез музичар.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Наместо тоа, вели дека така рекол еден многу почитуван дубровнички поет или црногорски писател или хрватски интелектуалец.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Но Петар, како човек кој во душата никогаш не го засака пишувањето, оти се раѓаш или како писател или како рибар, не сфати дека не е важно дали сите тие луѓе кои жедно ги голтаа нивните проповеди и поуки ќе им ги разберат зборовите токму онака како што тие, проповедниците на Радосната Вест, сакаа да бидат разбрани.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)