Историски создадените алфабети влегуваат во кругот токму на овој тип на писмо, иако во нив честопати се набљудува имплицитна реализација на фонолошкиот принцип и фиксирање во писмото на оние фонетски разлики кои имаат функционално значење.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Компаративното изучување на разните стари алфабетски системи на писмо ја реконструира типологијата на настанокот на писмото и дава општа слика на процесот на создавањето на алфабетскиот систем на писмо врз основа на систем на писмо- прототип, што е земен за пример и што служи како модел за новосоздаденото писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Семасиографијата или идеографијата ја карактеризира онаа класа на системи на писмо, чии знаци не ја изразуваат фонетската страна на конкретниот јазик, туку Маргина 37 83 изразуваат конкретни поими или цели ситуации во непосредна корелација со планот на содржината на јазикот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Достоевски во „Идиот“ го опишува тоа, споменувајќи неколку нему современи стилови на писмо и, меѓу другото, дава слика на начинот со кој се создава влијанието на еден систем на писмо, на еден стил на писмо врз друг, сосема поинаков систем и стил на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Со други зборови, во таквите системи на писмо планот на содржината изразен со зборовите на конкретниот јазик, непосредно се одразува во знаците на писмото, со што знаците на писмото ја играат улогата на единици, кои покрај зборовите од конкретниот јазик ги изразуваат и универзалните појмовни категории од разните нивоа на апстракции.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Писателот вели: „... На дебел пергаментски лист кнезот со руско средновековно писмо ја напиша реченицата: ‘Смирениот игумен Пафнутиј си ја приложи раката’. 102 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тоа претпоставува, исто така, и првобитно создавање на архаичното грчко писмо во едно определено место, најверојатно на островите на јужниот архипелаг, како и натамошно ширење на истото во облик на различни локални варијанти.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Како приближна епоха на создавање на грчкиот алфабет треба да се земе почетокот на првиот милениум п.н.е., кога знаците на старосемитскиот систем на писмо ја добиваат онаа графичка форма што е карактеристична за цртежите на знаците на архаичното грчко писмо. Маргина 37 89
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)