За мене во пишувањето немаше ниту пораз, ниту победа туку истрајување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ова мое пишување нема да излезе во јавност, но доволно е да го прочитаат моите деца и внуците.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Едгар Морен ми се довери дека во телеграмата со благодарност која ја добил од Клод Диран, се охрабрил да му напише, во одговорот на честитката дека греши што прекинува со објавувањето на мојата балканска сага. Неговата поддршка остануваше апсолутна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)