пладне (имн.) - и (сврз.)

-Така беше и кај нас – пак тивко дофрли Зоја. – Само за него се пееше, за него трубеше трубата и удираше барабанчето и на сабајле и на пладне и на зајдисонце.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
I Беше пладне и Винстон го беше напуштил својот бокс за да отиде в клозет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа е како да сретнеш пријател на пладне и да почнеш да му објаснуваш дека е дење.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Но, ти обожаваш да спиеш до пладне и одвај се извлекуваш од кревет – ме потсети татко ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во делот од денот помеѓу пладне и зајдисонце се завршија сите работи: фотографија кај дедо Живко, писмена изјава од него дека сепак ми дозволува да се запишам на Учителска и пари за возен билет и да ми се најдат за овде.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Нѐ фати пладне и на пладнување одиме на островот Свети Аиљ до каде нѐ води понтонски мост што недамна го постави армијата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таму треба да седнете на сонце околу пладне и да порачате чај.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, чекањето е тежок занает. И добра школа...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)