Цела планина да ја запалиш не можеш да собереш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пее птицата, се истура, што се вели, како сите полиња и планини да ѝ се ставени во гласот. 11.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Чарето тоа е. Да се ваќа орманот: Кравица, Добро Поле, Соколот; ако може мајката планина да не зас'не — им советува Толе и ги изведе еден ден на врвот на Соколот, на границата меѓу Мариово и Меглен, та ако дојде зорт, да можат да се преметнат некако во Пајак.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А Делин, гледајќи ѝ го лицето и телото издраскани, го земаше коњот и пушката и вртеше по сета планина да ги бара качаците.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Секирата во неговите раце можела и планина да располови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сета планина да мириса на запалено човечко месо.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Арсо Арнаутче ѝ ја зел секирата од раце и со бес на елен кога со рогови распостила пат низ гранки кон љубовна игра, удирал околу себе со невидена жестокост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа се случило: во пештерата, без знак на човечки дом и без сведок на страшниот настан, пред планината да ја покрие зимска лутина, на изгниено сено останала грубо одрана кожа и големи изглодани коски.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неколку ноќи ги демнела стадата и бегала пред пци, извици и блескави гламни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)