Повеќето вработени, како и впрочем во сите државни служби гледаа да го поминат работниот ден по принципот Нишај врата, земај плата или како Александар и уште два – тројца од вработените да сработат онолку колку што Тодор ќе побара од нив, ни повеќе, ни помалку.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
И најпосле, ако Организацијата и македонската емиграција во Бугарија, особено оној дел од неа што има или државна служба со убави плати или се занимава со журналистика и со тоа има убави доходи и големо влијание на бугарските работи, така што се јавува со кандидатура за министерски места во Бугарија или си има други згодни потфати, -дали, велам, и без помошта на таа наша колонија е возможно некакво особено пројавување на нашата преродба, а имено во таква смисла како што ја спомнав, т.е. во полно одделување на нашите интереси од оние на балканските народи и во развивање меѓу македонската интелигенција и народот македонско народно самосознание?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Особено не беше јасно што точно се подразбира под „среќа“: еднаш тоа беше куп статистички параметри кои би требало да укажуваат на нечија благосостојба, висината на просечна плата или парот чевли по глава на жител.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)