Има сив сомотски жакет, дискретно распаран под левата мишка, сина кошула од грубо платно и стара црна кравата лошо врзана околу долгиот жилав врат.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Околу седиштата, по ѕидовите на салата, се поставени единаесет платна и исто толку проектори.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тоа не беше силен дожд и не тропаше додека врнеше, се брануваше во водни платна и воден прав.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Греј ми, греј ми солнце златно, течи, бистра водо моја, да избелам бело платно и дарови да навезам ..."
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Таа божем скришум ме одвлече настрана, за да не видат другите, скришум се обиде да ми даде две навидум големи копчиња обвиткани со пришиено платно и ми рече: - Ова не се копчиња, туку два златника.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)